Резочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја – рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.
-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, рече Филипче.
„Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата“, обвини Филипче.