Северина Вучковиќ синоќа била запрена на граница од српската полиција, го пребарале нејзиниот автомобил и ја спровеле до зградата на полицијата на разговор.
Вечерта таа требало да пее на приватна роденденска прослава во Белград. Извор близок до пејачката за 24сата.хр вели дека Северина својот приватен настап претходно го најавила.
-Околу 19:45 часот пристигнала на граница, при преглед на документот ја прашале кога последен пат била во Србија и ја замолиле да го запре автомобилот. И ги одзеле документите и со часови чекала во автомобилот, кога граничниот полицаец и рекол дека доаѓаат инспектор од српското МУП. Дошле двајца инспектори и заедно со цариникот го пребарале автомобилот. Ништо не нашле сомнително и ја повикале на разговор во зградата на полицијата – вели изворот, додавајќи дека Северина претпоставувала дека застанувањето има врска со претседателот Вучиќ.
-Ја испрашуваа за нејзините изјави за Сребреница, на кои таа рече дека тоа се историски факти. Ја прашале што мисли за „Олуја“. Таа ги прашала младите полицајци дали знаат како започнала војната, тие одговориле дека ја започнал Туѓман. Во разговорите се споменувал и Јасеновац. Во еден момент ја испрашувале и за литиумот во Србија – изјавил изворот за 23сата.хр.
Пејачката била ослободена околу 23 часот кога требаше да почне журката.
-Нема да одам во Србија додека владее недемократски режим – наводно им рекла пејачката.
Северина се вратила дома. Пејачката последен пат била во Србија во мај 2024 година.