Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.
Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.
Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.
Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.
МИА