Поранешната учесничка на Олимписките игри во велосипедизам, Данијела Лареал Чирињос од Венецуела е пронајдена мртва во хотел во Лас Вегас во Соединетите Американски Држави, пишува New York Post.
Петкратната учесничка на Олимписките игри е пронајдена дури по пет дена, откако нејзините колеги ја алармирале полицијата, бидејќи цела недела не се појавила на работното место, без да одговори на ниту еден повик, пренесува New York Post.
Според првите полициски извештаи, постои сомневање дека Данијела се задавила од храна, и дека во тој момент била сама во својот стан и не можела да повика помош, поради што се задушила.
Полицијата соопшти дека таа починала на 11 август, откако биле пронајдени траги од храна во нејзиниот душник и дишните патишта.
Инаку, Данијела беше една од најдобрите венецуелски велосипедисти и учествуваше на сите Игри од 1992 до 2012 година во Барселона, Аталанта, Сиднеј, Атина и Лондон.
Таа беше освојувач на златни медали во Сан Салвадор во 2002 година и два сребрени медали, едниот во истата конкуренција, а другиот во Мексико Сити за време на Панамските игри. Таа освои и два сребрени медали во Санто Доминго.
Дипломирала на Факултетот за физичка култура, а последните години живее и работи во САД.