удна направа забележале жителите на демирхисарско и пријавиле во полиција.
-На 16.08.2024 во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот. Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.