Мајка ја прегазила својата ќеркичка додека ја оставала на училиште. Жена случајно ја прегазила својата 12-годишна ќерка, и тешко ја повредила, соопшти полицијата на Флорида.
Несреќата се случила во понеделникот кога мајката ја оставила својата ќерка на првиот училишен ден
Девојчето излегло од џипот на нејзината мајка на совозачката страна, но ги испуштила маркерите и пенкалата.
Кога 12-годишното девојче се наведнало да си го земе училишниот прибор од под автомобилот, нејзината мајка возела напред и тркалата на џипот удриле во девојчето.
A mom accidentally struck her 12-year-old daughter with her car at school drop-off, critically injuring her, officials in Florida said. https://t.co/K9mCtUUCUD
— ABC News (@ABC) August 13, 2024
Девојчето со тешки повреди е пренесено во болница со хеликоптер, додава Телеграф.бг.
„Училиштето ги охрабрува сите семејства да ги следат безбедносните протоколи во областа и училиштата и да користат одредени локации за собирање и заминување во училишните кампуси“, се вели во соопштението на училиштата од округот Сарасота.