Легендарниот Род Стјуарт поради сериозни здравствени проблеми мора да ги одложи сите свои концерти. Имаше корона, а сега има и последици од оваа болест.
На само неколку часа пред настапот во Лас Вегас го откажа концертот. Во емотивната порака до своите фанови, Стјуарт изрази длабоко жалење и се извини што не можеше да пее.
– Некои пејачи можат да работат со воспаление на грлото, да бидат дури и исцрпени, но јас не можам така. Јас сум сега апсолутно исцрпен! Самиот не се препознавам. Мора некој да ми помага додека да станам од кревет за да одам по нужда во тоалет. Со нетрпение го очекував овој концерт во Лас Вегас и еве што ми се случи. Длабоко жалам. За среќа во несреќа во 2025 година ќе се вратам во Лас Вегас, порачува пејачот.
Светската поп-рок ѕвезда има комплицирани здравствени проблеми
„Вие не знаете колку ми е лошо. Тотално сум исцрпен, така што ни на крај од умот не ми е до пеењето. Само ми се спие, ми се лежи во мојот кревет и не ми се зборува. Јадам разновидни супи, тие ми даваат енергија.“, вели легендарниот Стјуарт.
Тој во пресрет на неговиот роденден кога ќе наполни 80 години дури призна дека неговите „денови се избројани“, но останува со позитивни мисли, позитивно да ги живее преостанатите години од животот. Знае и да се пошегува парафразирајќи го насловот од неговиот голем хит „Дали мислиш дека сум секси“?!
Британската поп-рок ѕвезда вели дека ќе се избори со болеста.
– Покрај короната што ја имав, не знам како, но ете успеав да ја закачам и стрептокока. Вие не знаете колку ми е лошо. Тотално сум исцрпен, така што ни на крај од умот не ми е до пеењето. Само ми се спие, ми се лежи во мојот кревет и не ми се зборува. Јадам разновидни супи, тие ми даваат енергија. Морам да ја вратам силата, да застанам на нозе. Верувам дека ова не ми се одбројани денови од животот. Ќе живеам јас уште долго, ама под услов пак да бидам здрав и подвижен, раскажа Род Стјуарт.