Викторија Џејн Харисон, новата британска амбасадорка во Словенија, му врачи копија од акредитивното писмо на Року Сракар, заменик шеф на дипломатскиот протокол во Министерството за надворешни и европски работи. Таа е првата слепа британска амбасадорка, пренесува Н1 Словенија.
Функцијата ќе ја извршува со помош на кучето водич Отo. На веб-страницата на британската влада пишува дека ова е историска пресвртница за дипломатската служба на Обединетото Кралство.
Харисон изминатава година го изучувала словенечкиот јазик.
„Во текот на мојата кариера, со задоволство гледав како дипломатската служба станува се повеќе и повеќе одраз на различноста на земјата во која работиме и горда сум што сум дел од овие промени“, рече таа во април.
Таа на оваа позиција ја замени Тифани Седлер. Харисон пристигна во Љубљана во петокот, објави на Фејсбук британската амбасада во Љубљана.
Првиот инвалид во МНР е родена со нормален вид. Почнало да се влошува во нејзините тинејџерски години, а ослепела по дипломирањето на колеџ.
Во 1997 година, Харисон стана првиот човек со признаена попреченост што беше вработен во Стејт департментот. Поминале шест месеци пред да добие компјутер што може да го користи.
„Не е дека луѓето не сакаа да ме поддржат. Се работеше за тоа сите ние да учиме во чекор“, објасни таа за Би-Би-Си во април.