Во големиот пожар, кој избувна вчера во Пехчево изгоре единственото противпожарно возило на ДПД Пехчево.
-За жал денес ни се случи и една голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило, за среќа колегите пожарникари се живи и здрави, напиша Марјан од Пехчево.
видео од изгореното возило на Фејсбук објави заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.
-Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат. Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчев. Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници“ напиша Михаилов.