Домашниот сладолед секогаш е превкусен и бргу се прави, а сега можете да уживате во овошните вкусови без грижа на совест.
Денес ви носиме неколку рецепти за овошен сладолед со кој ќе создадете здрави навики пред сè кај најмалите, а со тоа ќе го избегнете индустрискиот сладолед кој е со многу шеќери. Подготовката е едноставна, а сладоледот кој ќе го добиете со неа, може да го комбинирате и со апетисани за да можете дополнително да ја збогатите вкусот.
Чоко-банана сладолед
Децата ќе ја обожуваат оваа превкусна и здрава комбинација, за која ви се потребни следните состојки:
Две банани
Три лажички какао во прав
Една лажичка мед
60 мл млеко
Во блендер ставете ги бананите, какаото, медот и млекото, а добиената смеса ставете ја во калапи за сладолед. Калапите ставете ги во замрзнувач за да може сладоледот да се „стегне“. Кога ќе биде готов, калапите ставете ги под млаз врела вода, за да можете сладолед полесно да го извадите, а потоа послужете.
Сладолед од диња
Кој ја сака дињата, дефинитивно ќе ужива во овој вкусен и лесен десерт. За да го направите, потребни ви се само две состојки:
Парче диња
Половина банана
Дињата исчистете ја од кората, исечете ја на парчиња, ставете ја во блендер, па додадете ја бананата. Добиената смеса ставете ја во калапи за сладолед и оставете во фрижидер.
Сладолед од кајсии
Состојки
Две-три исечкани кајсии
Банана
200 гр грчки јогурт
Лажичка мед
Ставете ги сите состојки во блендер, а добиената смеса ставете во калапи за сладолед на стапче. По желба, на средината може да додадете и црвено овошје, па врз него да додадете уште малку од смесата. Оставете ги калапите во замрзнувач неколку часа па послужете.