Пожарникарите на ДПД Кочани вчера имале несекојдневна интервенција откако добиле пријава од граѓани за повредена и дезиорентирана птица на покрив од викендица на Пониква, како последица на пожарите на Осоговските планини во близина на Пониква.
„На лице место веднаш се упатија 4 доброволци со едно возило и за брзо и безбедно птицата бешe транспортирана во ветеринарна амбуланта каде беше установено дека станува збор за источноевропски царски орел кој се наоѓа на листата на загрозени птици во цела Европа. ДПД Кочани упатува апел да не се пали оган на отворено бидејќи покрај штетата која се нанесува на шумите,се уништува целиот биодеверзитет на природата“ напишаа на нивниот Фејсбук профил
Видеото може да го погледнете на следниов линк.