Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе започне на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1, се вели во соопштението објавено на веб-страната на Кривичен од каде додаваат:
-Расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки.