„Спонзорирана објава“
Групацијата Феро Инвест извади на пазарот интегрирано решение за проблемот со вишокот електрична енергија од обновливи извори, а тоа се ,,батериски системи со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата”.
Софтверското решението на Феро Инвест, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано по последните две години, во моментот претставува единствен модел за справување со вишокот енергија од обновливи извори, и може да се примени на домаќинства, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.
Фотонапонските панели поставени на објектот се поврзува со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и за центарот за мониторинг на Феро Инвест.
Решението обезбедува енергетски независност на објектот, односно во услови на поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%. Корисникот има панел на кој постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда. Феро Инвест обезбедува и мониторирање и одржување на системот, за безгрижна енергетска независност на клиентот, по принципот ,,имајте струја и кога никој друг нема”.
Освен батериски системи за домаќинства и мали бизниси, Феро Инвест започнува и со инсталација на батериски системи за големи производни капацитети, кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани на нивните кровови, а и таму позитивниот ефект е фасцинантен.
„Фабриките кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани, особено во летниот период, ќе имаат огромен бенефит од батериски системи. Имено, во дневниот период кога има вишоци на електрична енергија поради големиот број на фотоволтаици и кога цените се ниски, фабриките може да ја набавуваат струјата по берзански цени, а во попладневните часови, кога цените се и до 20 пати повисоки, може да ја користат енергијата од своите батериит и на тој начин да направат одлични заштеди. Ги охрабрувам сите фабрики кои имаат инсталирано фотоволтаици на нивните кровови да инвестираат во батерискисте системи, а инвестициите ќе им се вратат во период од 6-8 години, потоа практично ќе имаат бесплатна струја над 10 години“, објави сопственикот и извршен директор на групацијата Феро Инвест, проф. д-р Кочо Анѓушев, пред бисмисмените во Стопанската комора на настанот „Соларна енергија за бизнисите“, во организација на Европската инвестициска банка.
При дискусијата беше потенцирана потребата државата што побрзо законски да го уреди прашањето за поставување батериски системи за електрани.
На настанот во Стопанската комора беше презентирана и кредитната линија на Европската инвестициска банка ЕИБ7 со која се стимулираат инвестиции во обновливи извори на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, а настанот пробуди огромен интерес на присутните над 70 претставници на мали и средни претријатија, членки на Стопанската комора. Кредитната линија на ЕИБ предвидува кредити со поволни каматни стапки, а ќе се имплементира преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки во земјата.