Мајката на Шенон Доерти им се заблагодарува на фановите за поддршката два дена по загубата на нејзината ќерка, објави магазинот „Пипл“.
Шенон почина на 53-годишна возраст на 13 јули од рак, по долго боледување.
„Таа е моето прекрасно девојче и моето срце“, вели Роуз.
„Нашето семејство сака да им се заблагодари на сите што покажаа љубов и поддршка за нашата Шенон во текот на нејзиниот живот. Навистина сме благодарни“.
Шенон во 2015 година прв пат ја сподели со јавноста дијагнозата за рак на дојка. Во 2017 година, таа објави дека е во ремисија, но подоцна откри дека во 2020 година се вратила болеста како рак на метастатски стадиум 4.
Во неделата, на 14 јули, долгогодишниот публицист на Шанен, Лесли Слоун, потврди дека актерката починала еден ден претходно.
„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста. Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со нејзините најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството бара приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, рече Слоун.