Шенон Доерти се прослави во 1990 година како бестрашната Бранда Волш на „Беверли Хилс, 90210“ на ТВ Фокс. Доерти се појави во 111 епизоди пред да ја напушти серијата на крајот на четвртата сезона, по извештаите за конфликти со другите членови на актерската екипа. Набргу потоа го најде своето место во серијата “Charmed”, но на крајот на третата сезона мораше да ја напушти серијата, пренесува Б92.нет.
Поради лошите меѓучовечки односи со колегите актери го добила епитетот „лоша девојка“, а тоа очигледно се префрлило и во нејзиниот бурен љубовен живот.
Нејзиниот прв брак со актерот Ешли Хамилтон се случи во 1993 година, но тие потпишаа развод во април 1994 година.
Подоцна врската со Рик Саломон ја круниса со брак во 2002 година, но и тој траеше само неколку месеци. Во 2011 година, познатата актерка повторно се вљуби во фотографот Курт Исвариенко, за да се разведе од него во 2023 година.
Минатата година Шенон Доерти даде ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“ во кое искрено зборуваше за нејзиниот емотивен живот.
Потоа истакна дека нема да биде засекогаш сама.
“Не верувам дека ќе бидам сама засекогаш. Морам да се сакам себеси и да се помирам со минатото, за да можам да продолжам понатаму. Сега сум сосема сигурна дека можам да продолжам понатаму – се надевам наскоро, “, изјави тогаш актерката.
Во истото интервју таа се осврна на идејата за мајчинство.
„Не би сакала ништо повеќе освен да станам мајка“, вели таа и продолжува: „Отсекогаш сум го сакала тоа …