На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа повеќе истрели, при што на лицето на републиканскиот претседателски кандидат беше регистрирана крв во пределот на десното уво, јавија американските медиуми.
Тој паднал на земја, по што безбедносните служби го подигнале и го изнеле од бината, јавува Си-Ен-Ен.
Тајната служна сооошти пред малку дека Трамп е во добра здравствена состојба без да дадат детали. Беше веднаш евакуиран со видливо крваво лице, јавија американските медиуми.
Откако се слушнаа истрели Трамп ја подигна раката кон десниот дел од лицето и се спушти под подиумот по што вооружените полицајци зазедоа позиции на предниот дел на бината.
Од Кабинетот на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден соопштија дека засега тој не е брифиран за инцидентот на митингот во Батлер, Пенсилванија.
По пукањето, Трамп бил евакуиран од бината на митингот во Батлер, Пенсилванија.
Трамп покажуваше табела со бројот на луѓе кои ја преминале границата кога се случи инцидентот. Бил забележан како ја пружа десната рака до вратот. На неговото лице има крв, јавија американските медиуми.
Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, објави дека поранешниот претседател на САД „е добро“.
„ Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираа со брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на преглед во локалната медицинска установа. Повеќе детали ќе следат“, се вели во соопштението на Чеунг.