Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ги демантираат изнесените информации, односно, како што стои во нивната реакција, непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на село Пепелиште.
– Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот, се наведува во соопштението од МО и од ГШ на Армијата.
Во соопштението се појаснува дека во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведувале на АП „Криволак“ и истите завршиле во 10:00 часот.
– Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата, се вели во соопштението.
Се додава дека питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух.