Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапирано во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали, пишува порталот Скопје 1.
Телото е предадено на семејството.
МВР пред четири дена информира дека на 4.07.2024 во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје.
Тој тогаш кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија.