Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Владо Јаневски беша вчера дел од концертот наречен „Најдоброто од Копров“, кој се одржа во НОБ во рамки на „Скопско лето“.
Ова се само дел од големиот опус на Копров, кој зад себе остави голем број хитови. „Усни на усни“, „Во коси да ти спијам“, Чаирка романса“, „Црно тиквешко“, „Не зори зоро“, „Лео“, „Анушка“, „Прости ми“, „Немир“, „Лиду ду“, „Сребрени улици“, „Еден бакнеж“…
На сцената се слушнаа многу песни кои ги испеаја Тоше Проески, Маја Оџаклиевска, Калиопи, Владо Јаневски, Ана Костова.
Копров од од публика емотивно ги следеше изведбите на неговите дела. На крј му беше доделена плакет за придонес во музиката од в.д. директорот на „Скопско лето“ Орце Ицковски.
-Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Возбуда кога ни се раѓа дете, кога правиме свадба за дете, за некој близок. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда, како кога ми се родија децата, рече емотивно Копров.
Емоц иите не ја додржаа и пејачката Ана Петановска, која соработува со Копров и која ги отпеа најголем дел од песните. Пред да заврши со „Не допирај ме“, хитот кој го отпеа Маја Оџаклиевска, ана рече:
-Чувствувам голема одговорност што сум вечерва тука. Копров е многу широк човек и еден ден со него во студио е многу интересен. Со оглед на неговото искуство, тој на нас младите пејачи ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме“, му рече Петановска на Копров.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски