Македонското знаме повторно се вее на Кораб.
Како што објавивме претходно извесен албански планинар Изет Шулку викендов го симна македонското знаме, па го закачи албанското.
Македонските планинари го вратија македонскиот државен симбол на старото место на врвот на Кораб. Тие тоа го објавија на социјалните мрежи каде што напишаа:
„Македонија секогаш има храбри синови“.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се уште работат на расчистување на случајот.
Видеото може да го погледнете на следниов ЛИНК.