Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена.
МИА