Унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека Соединетите Американски Држави мора да покренат иницијатива за прекин на огнот во Украина.
„Претседателот на САД е единствената личност во универзумот што може да упати два одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, рече Орбан.
Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп ако добие нов мандат како претседател на САД.
Орбан рече и дека не го интересираат целите кои Русија и Украина ги тераат во конфликтот, туку дека само сака војната да заврши што е можно поскоро.
Унгарскиот премиер исто така истакна дека доколку Ангела Меркел останала канцелр на Германија, војната немало до толку да се прошири.