ТВ Телма во вестите попладнево јави дека за неколку години имало неколку пријави за семејното насилство во домот на 36-годишната В.И. која вчеравечер го убила нејзиниот сопруг и свекор, во Кратово.
„Пријавувала самата, а имало пријави и против неа. Сега нема потврда, дали мотивот за злосторството е поврзан со семејно насилство“, јави Телма.
Како што ММС објави утрово, полицијата привела 36-гoдишна жена со иницијали В.И. која се товари за убиство со нож на сопругот и свекорот.
Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата биле пренесени на обдукција.
Истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот на извршување на двојното убиство.
В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти полицијата.