Помалку од половината граѓани кои одговорија на поставената анкета на ММС со став за неспоменувањето на уставното име со додавката „Северна“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, сметаат дека е тоа чин на државништво. На анкетата одговориле е вкупно 1015,каде 242 одговориле дека
со добра дипломатија ова е зацврстување на националните позиции пред соседите.
Во останатите одговори, 154 сметаат дека овој однос е пат кон изолација и збогување со ЕУ, потоа следи одговорот дека е првична демонстрација на државништво, но со тек на време ќе го прифати Преспанскиот договор – 131 и со најмалку одговори е опцијата дека тоа е вовед во нови вета.
Пред вас е нова анкета, на која го бараме вашиот став за на прашањето:
Со новото законско решение се основаат нови министерства со што од 16 стануваат 20 министерства во македонската влада. Според вас:
1. Новите министерства се нужност, бидејќи се соодветни на современите потреби на една држава и нејзините граѓани.
2. Работата на владата ќе биде поефикасна, во корист на граѓаните.
3. Непотребен потег со цел да се наполни администрацијата.
4. Води кон неефикасен државен апарат од кој корист ќе имаат само партиите.