Два воза се судриле денеска околу 18:30 часот во тунелот кај Панчевачки мост во Белград.
Несреќата се случила меѓу Панчевачки мост и центарот на Белград, кога се судриле патнички и товарен воз.
Српските медиуми јавуваат дека на терен се испратени екипи на итната помош и пожарникари.
Судирот се случил на 500 метри во внатрешноста на тунелот.
Се уште нема официјална потврда за здравствената состојба на присутните во возовите, но наводно медиумите во Србија јавуваат дека има повредени.