Цел свет бруи за наводниот развод на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Деновиве извор близок до парот откри за странските медиуми дека се разведуваат и дека популарниот актер веќе се иселил од заедничката куќа.
Изворот додаде дека „Овој пат не треба да се обвинува Бен“. Други извори зборуваа за странските медиуми и објаснија за што точно се распаднала навидум хармоничната врска.
-Имаат проблеми во бракот – изјави еден за US Weekly и истакна дека овие проблеми траат со месеци, според Page Six.
– Сѐ започна пред неколку месеци, кога Џенифер почна да се подготвува за турнејата – истакнува тој. Пејачката, вели, е многу фокусирана на својата работа, а својата турнеја во Орландо треба да ја започне следниот месец.
-Двајцата се на две различни места во животот – заклучува изворот.
Пејачката неодамна беше видена како купува куќа во Лос Анџелес, но наводно нема да се пресели таму, туку само барала можност за инвестирање. Но, други извори велат дека Бен веќе се иселил и сега живее на друга адреса, пренесува 24сата.хр.