Во следните денови времето ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град, информира УХМР.
И во Скопје следните денови ќе биде сончево и топло, но попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за краткотрајно невреме.
УХМР препорачува во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...