Еднаш засекогаш треба да престанеме да гледаме на гласачите како на тело кое можеме да го управуваме од партијата. Тие имаат доволно развиена политичка свест и знаат како треба да се однесуваат и како самостојно да донесуваат одлуки, рече во денешното издание на Стадион, Африм Гаши од коалицијата Влен, прашан дали ќе ги повикаат своите гласачи да не гласаат за Силјановска.
- Не треба да повикуваме и да ги ориентираме нашите гласачи затоа што тоа е залудно, тие сепак ќе гласаат за опцијата што мислат дека е најдобра. Само ДУИ функционира поинаку, нема гласачи по убедување туку над 90% се работи за клиентела на која и кажува што да прави, дури и дали да мислат и што да мислат, вели Гаши во најновото издание на Стадион.
Прашан за корумпираноста во државата вели дека се додека воопшто зборуваме за постоење на корупцијата во државава, најмалку значајно е кој е најкорумпиран, како што истакнува сите функционираме поврзани едни со други што значи корупција има сегде.
- Не можете да пресечете со нож каде и во која професија започнува а каде завршува корупцијата, сите сме испреплетени во ова лудило на зголемување на корупција. Ако сме дозволиле да дојде до вакво ниво, не да зборуваме дали има воопшто корупција туку каде и во која професија има повеќе корупција, покажуваме колку сме потфрлиле, вели Гаши.
Вели дека после 8 мај новата Влада треба пред се да започне силна битка против корупцијата и криминалот и да воспостави конечно правна држава.
За менувањето на Уставот и можните услови за коалицирање во идната Влада, повеќе со Африм Гаши следете на линкот во продолжение.