„Спонзорирана објава“
Скопје, 26.04.2024: Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, втора година по ред објавува Jавен повик за бесплатно отварање на е-продавници насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa. Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, со цел да добијат можност да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на локален маркетплејс или своја е-продавница со сопствено софтверско решение, да го зголемат своето онлајн присуство, да се во тек со последните трендови во е-трговијата и да ги зајакнат дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.
Јавниот повик се состои од поддршка на 20 компании со вредносни пакети од 1000 евра за отворање на нов продажен канал – е-продавница и учество на еднодневен едукативен практичен семинар. Поддржаните компании ќе имаат можност да одберат да отворат нов продажен канал – е-продавница како дел од една од понудените маркетплејс платформи на Јавниот повик и да добијат маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите или да отворат своја е-продавница со сопствено софтверско решение преку една од понудените IT компании на Јавниот повик. Отворањето на е-продавниците ќе се одвива во текот на месец мај и јуни 2024 година. Еднодневниот практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ ќе се оддржува во јуни 2024 со физичко присуство, каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми итн. Учесниците ќе имаат можност да научат нови алатки и тактики кои ќе им помогнат во унапредување на работењето во областа на е-трговијата и зголемување на е-продажбите. По завршување на семинарот, учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Едукативниот семинар ќе можат да го посетат по најмногу двајца претставници од секоја компанија.
„Зајакнувањето на понудата во е-трговија е еден од приоритетите во годишната програма на АЕТМ. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија со поддршка на компанијата Visa повторно се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компании и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија.“ – истакнува д-р Нина Ангеловска Станков, Претседател на АЕТМ.
“Visa е глобален лидер во областа на дигиталните плаќања, кои ги олеснуваат трансакциите помеѓу потрошувачите и трговците во повеќе од 200 земји и територии на цела планета. Поради тоа ние како компанија сме многу посветени на поддршката на малите и средни компании преку унапредување на нивното дигитално присуство и електронската продажба, со цел нивното работење да го прошират на глобалните пазари и да обезбедат долгорочна профитабилност. Исто така сакаме да се заблагодариме на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ којa со наша поддршка го организира овој конкурс, заедно со пропратните едукативни семинари на оваа тема” – изјави Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.
Пријавените компании бесплатно учествуваат во програмата, но подлежат на процес на селекција и избор. Изборот ќе го прави комисија составена од експерти во областа на е-трговијата, која ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдените критериуми Јавниот повик ќе ги одбере учесниците кои ќе бидат поддржани за отворање на нова е-продавница и за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг. Жените претприемачи и младите под 29 години ќе имаат предност во оценувањето и изборот.
Пријавувањето се прави преку пополнување на кратка онлајн апликација достапна на овој линк. Пријавувањето ќе може да се направи, најдоцна до вторник, 07.05.2024 до 23:59 часот.
Oвој јавен повик се реализира со поддршка на компанијата Visa, која втора година по ред преку реализирање на иницијативи влијае на зголемување на понудата во е-трговијата.
Повеќе информации за Јавниот повик можат да се погледнат на: https://ecommerce.mk/visa-2024/ .