Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војна во Европа е на повидок.
„Замисливме дека сме во свет со круг на пријатели по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа беше заменето со огнен прстен меѓу нас, нестабилност од Сахел до Блискиот Исток, Кавказ и Балтикот, да не гледам подлабоко во Африка. Огнен прстен околу нас“, рече Борел за време на форумот „Нова економија“ во Мадрид.
Тој истакна дека ова е сега многу важен момент во изградбата на Европа бидејќи војната е на хоризонтот и дека тоа не е мала работа.
Според него, најдобар начин за зајакнување на НАТО е зголемување на европските одбранбени капацитети.
„ЕУ нема да има заедничка армија во догледна иднина, а одбраната ќе остане одговорност на членките“, истакна Борел.
Тој предупреди дека можноста за конвенционална војна со висок интензитет во Европа „веќе не е фантазија“.