Најновите истражувања укажуваат на тоа дека вакцините против ковид-19, освен заштита од коронавирусот, би можеле да имаат и дополнителна корист бидејќи како што се покажа, го намалуваат ризикот од појава на срцева слабост и згрутчување на крвта.
Овие информации ги објави списанието Heart (Срце), кое наведува дека анализите чии резултати ги обединија меѓународните експерти, покриваат податоци за 10,17 милиони вакцинирани луѓе и 10,39 милиони невакцинирани во Велика Британија, Шпанија и Естонија.
Откако здравствените работници ги зеле предвид факторите како што се возраст, пол и постоење на одредени болести претходно, се покажало дека кај вакцинираните е воочен значително помал ризик од развој на срцеви компликации и компликации поврзани со развој на згрутчување на кртва, откако биле позитивни на ковид -19.
„Нашите сознанија укажуваат на тоа дека вакцините биле ефективни, односно го намалиле ризикот од развој на тешки облици на ковид-19“, изјави здравствената работничка Нуриа Меркаде-Бесора од Британскиот универзитет во Оксфорд, задолжена за обединување на сите податоци.
Во споредба со оние кои не се вакцинирани против коронавирусот, се покажа дека вакцинирањето всушност е поврзано со 78 отсто помал ризик од настанување на крвно згрутчување, 47 отсто помал ризик од проблеми со артериите и 55 отсто со помал ризик од срцева слабост во првите 30 дена по инфекцијата.
Иако до слични сознанија, научниците дојдоа и претходно во други студии, ова важи за едно од најобемните истражувања до денес, имајќи го превид бројот на луѓе кои учествувале, но и временскиот период во кој биле следени.
Претходно веќе се знаеше дека згрутчувањето на крвта што може да доведе до мозочен удар и слабост на срцето, е многу почеста појава кај инфекциите со ковид-19.
Ваквото истражување сепак не утврдува јасна причина и последица, но укажува на тоа дека вакцинирањето против оваа заразна болест го намалува ризикот од дополнителни компликации.
Истражувачите потсетуваат дека вакцините против ковид-19 се сигурни и ефекти и дека бенефитите ги надминуваат потенцијалните недостатоци, но сепак би сакале да спроведат и понатамошни истражувања, со цел уште подетално да се испита заштитата што ја овозможуваат ваквите вакцини.
Извор: n1info.ba