Поранешната американска манекенка Кристи Бринкли (70) на Инстаграм објави дека ѝ е дијагностициран рак на кожата.
Таа вели дека била оперирана откако лекарите откриле дека има „базоцелуларен карцином“. Манекенката сподели и неколку фотографии направени по операцијата.
„Имав среќа што го пронајдоа бидејќи придружував една од моите ќерки на нејзините редовни тестови. Докторот ја гледаше секоја пега преку лупа. Тоа не беше мој термин за преглед, па не сакав да кажам ништо, но на самиот крај го прашав дали може да ја погледне малата точка што можев да ја почувствувам кога ја нанесував мојата шминка. Ја погледна и веднаш знаеше дека треба да одам на биопсија“, вели познатата манекенка.
„Добрата вест е дека рано го открије карцином на базалните клетки. И имав одлични лекари кои го отстранија и ме сошија до совршенство, како високата мода „Диор’“, објави американската манекенка Бринкли.