Маж и жена од Британија се пронајдени мртви на плажа на Карибите, објавија локалните медиуми.
Двојката била на одмор на карибскиот остров Каирику, а околностите околу нивната смрт остануваат мистерија, пренесува Дејли Мејл.
Нивните тела биле пронајдени во саботата на популарната плажа Парадајс во селото Л’Естер.
Седумдесет и шестгодишен маж починал на лице место, додека неговата сопруга (77) била пренесена во болница каде и била прегледана и констатирана смрт.
Полицијата започнала истрага за нелогичните смртни случаи и ги чека резултатите од обдукцијата.
Во соопштението, објавено од Луп Њуз, полицијата рече дека ќе побара обдукција за „да ни каже што точно се случило со нив, но засега станува збор за очигледно давење“.
Одделни, непотврдени извештаи сугерираат дека мажот паднал во морето, а неговата сопруга починала додека се обидувала да му помогне.