На своето дете постојано му го повторуваш истото, но имаш чувство како да му зборуваш на ѕидот? Новото истражување покажува дека е клучна само една работа која родителите ја прават погрешно.
Понекогаш навистина може да ви се чини дека зборуваш на јазик кој твоето дете не го разбира. Зборуваш, но тоа не те слуша, а камоли да те послуша и да ги примени твоите совети и насоки. Родителството понекогаш може да биде голем предизвик, а посебно кога твоето дете оддеднаш станува тинејџер.
Но, новото американско истражување донесува охрабрувачки резултати: постои начин како ова можеш да го промениш.
Во истражувањата учествувале личности во доцните тинејџерски години и во раните дваесетти, а тоа покажало едно: тинејџерите ќе ги ценат и прифатат советите на родителите само доколку тие ја поддржуваат нивата самостојност. Што точно значи тоа? Да се поддржи самостојноста на детето подразбира учествување во активностите на интересните тинејџери со истовремено поставување на правила и давање на јасни насоки за животот.
„Таквите родители доследно ги признаваат и потврдуваат чувствата на своето дете и поттикнуваат и го поддржуваат нивното истражување на различни интереси додека сфаќаат кои се и што че направат со својот живот“, вели рекла Елизабет Дејвис, психолог и авторка на студијата, обајвена во весникот Emergining Adulthood.
Што не треба да се зборува? Реченици кои треба да се избегнуваат
Давис нагласува дека изјавите како „Затоа што јас така велам“, со на пример реценица како „Ќе преживееш, не создавај драма“ или „Тоа не е важно“, ќе предизвикаат детето да престане да верува и дека повеќе нема да ти се доверува.
Тоа ќе создаде ѕид помеѓу вас кој сѐ потешко ќе може да се помине.
Во истражувањето учествувале 194 млади лица, а биле прашани за ситуациите кога добивале совети од своите родители поврзани со соочување со сопствените чувства.
Тие требало да оценат колку таквите совети им помогнале и дали после нив се чувствувале подобро. Потоа биле прашани за нивната способност да се носат со одредена ситуација и да ги контролираат своите емоции, како и нивната поврзаност со родителите. Единствено прашањето се однесувало на тоа дали тие барале родителска поткрепа и дали ги доживуваат своите родители како поддршка во сопствената автономија.
Истражувањето покажува како тинејџерите, чии родители ја поддржуваат нината автономија, родителските совети генерално ги доживуваат како корисни – и тоа дури и оние кои не ги барале.
„Родителите кои ја поддржуваат големата автономија можеби имаат подобар увид во тоа како да се понуди поддршка и затоа не запаѓаат во замка на давање на несакана поддршка“, наведуваат авторите на студијата.
Од друга страна, ако децата чувствуваат дека родителите не ја поддржуваат нивната самостојност, поголема е веројатноста дека нивните совети ќе ги доживеат како бескорисни.
-Ако младите мислат дека родителите не „сфаќаат“ или „не разбираат“, можно е да заклучат дека родителските совети не се однесуваат на нив“ – рекла Маделин Њуман, студентка на петта година на диплсомската студија на Дависовата регулација на емоции.
Авторите на оваа студија заклучуваат дека тинејџерската возраст е посебен период во животот кога најмногу се зголемува желбата за слобода и самостојност, како и за донесување одлуки. Истовремено, сѐ уште е цврста врската со семејството. Ова значи дека начинот на кој родителите сега ги поддржуваат своите деца тинејџери, ќе биде одлучувачки фактор за нивниот однос во иднина, кога тинејџерите ќе пораснат и ќе „одлетаат од родителското гнездо“.