Сашо Мијалков и останатите обвинети во случајот „Трезор“ по четири години од првата пресуда добија ослободителна пресуда.
– Обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијкатаИмране Селмани, која го водеше случајот.
Ова е втора пресуда за Мијалков, бидеќи во првата, која беше укината од Апелација, тој доби 8 години затвор, Грујовски кој е во бегство доби 15 години, Небојша Стајковиќ, бившиот помошник-министер во МВР, 5 години, аТони Јакимовски бивш началник на оддел во УБК, 5 години.
“ Трезор“ го отвори СЈО и се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Според обвинението го оштетиле буџетот со 862.045 евра откако се договориле да купат опрема од британската компанија “Гама интернешнл“ а како посредник се јавила фирмата “Финзи”.