Приведениот полициски службеник, кој не бил на должност, а физички нападнал полицаец кој бил на должност е 43 годишен човек кој работел како обезбедување на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, се вели во полицискиот билтен.
Приведениот е спроведен во полициска станица и по целосно докуметирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полиција.
Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено декаприпадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски учествувал во инцидент во скопски локал синоќа, пришто нападнат бил полицаец.
– Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот. – велат од партијата.
Подоцна се јавија и од ВМРО ДПМНЕ.
-Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: