Тимот на Алексеј Навални денеска ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на мртвиот критичар на Кремљ на неговите роднини.
„Очигледно е дека убијците сакаат да ги прикријат трагите и затоа не го предаваат телото на Алексеј, кријат дури и од неговата мајка“, се вели во објавата на неговиот тим на Телеграм.
Алексеј Навални починал од „синдром на ненадејна смрт“ откако колабирал во петокот, наводно ѝ кажале руските истражители на мајката на опозицискиот лидер.
Неговата мајка Људмила Навалнаја денеска беше видена како патува во колонија во северна Русија, каде и беше кажано дека нејзиниот син починал откако се вратила од прошетка во 14.17 часот по локално време во петокот.
Сојузниците на Навални велат дека им била оневозможена шанса да го видат телото, кое ќе остане кај властите додека не заврши истрагата, пишува Дејли мејл.