Врховниот суд донесе пресуда по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, се вели во соопштението.