„И во САД имаме проблеми со дезинформациите, затоа е важно гласачите да бараат од кандидатите детални планови за иднината и тие гласачи, откако ќе се информираат, да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината“, рече американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.
Таа додаде дека се свесни за руското влијание преку медиумите, рекламите, социјалните мрежи и троловите, но истакна дека важна е едукацијата.
„Што прават луѓето и што гласачите одлучуваат? Единствениот начин за борба против дезинформациите е едукациајта“ рече Агелер.
Амбасадорката исто така истакна дека ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома. „Знам дека има многу гласачи кои се откажале, дека нема да гласаат, но тоа не е вистинскиот одговор“ рече Агелер.