Наставничката која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднела тужба против Миљана и Владимир К., родителите на момчето што го изврши злосторството, јавува Танјуг.
Наставничката по историја Татјана С. поднесе тужба против родителите на момчето Коста К. за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување.
Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители.
Ова е трета тужба во граѓанската постапка против родителите на малолетникот Коста К, кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
Првата ја поднеле членовите на семејството на девојка која починала тој ден, а втората 27 членови на семејството на убиените.
Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде, како што се сомнева, малолетничката вежбала гаѓање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено рочиштето да биде затворено за јавноста.