Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Берлин против домаќинот Германија го игра вториот натпревар на Европското првенство (ЕП).
Македонските навивачи веќе се стационирани во берлинските кафулиња во близина на „Мерцедес – Бенц Арена“, каде ќе се одржи натпреварот. Се пее, се пие пиво а во навивањето им се придружуваат и Германици, кои се нашле во локалот и на кои им биле интересни
-На по пиво пред натпреварот, да испееме по една песна за да ги бодриме нашите момчиња. Очекуваме победа, велат расположени навивачи.
За разлика од навивачите кои сакаат победа на репрезентацијата, селекторот Кире Лазаров очекува подобар напад игра.
-Очекувам цврста Германија која ќе бара многу контакт, многу прекини. Мора да се подготвиме ментално и нашиот напад да биде подобар, тоа што ни недостигаше со Франција, изјави пред вечерашниот дуел селекторот Кирил Лазаров.
Натпреварот против домаќинот на ЕП 2024 ќе се игра пред 17.000 гледачи во „Мерцедес Бенц Арена“, чиј капацитет е одамна распродаден.
Тоа ќе биде шести дуел меѓу македонската и германската репрезентација. Низата од четири победи на Германија во меѓусебните дуели (36-25, СП 1999, 33-23, СП 2009, 24-23, ЕП 2012, 28-23, СП 2013), беше прекината на последниот дуел одигран на ЕП 2018 кога натпреварот заврши нерешено 25-25.
И навивачите и сите поддржувачи на македоскиот ракомет очекуваат резултат, секако во корист на нашите момчиња. Но, што и да се случи, поддршка за цела репрезентација.
Фото: Вангел Тануровски