Личните карти кои се документи за внатрешна употреба, ќе важат и по 12 февруари кога истекува нивниот рок за замена, додека за пасошите ќе се бара решение и ќе се разгледаат сите опции, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
„Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.
Вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено еден милион и двесте пасоши во државата и според премиерот треба да им се оддаде признание за трудот дека работеле напорно во последните неколку месеци.