Како дел од утринската програма на Слободен печат, претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски зборуваше за начинот на кој контролорите на летање го стекнуваат своето знаење и вештина притоа потенцирајќи го и самиот процес на нивното вработување кој како што вели оди преку селекција во странство.
- „Процесот за вработување на контролор на летање започнува со селекција и школување во школски центри во странство. Тие не се во Македонија бидејќи за тоа е потребна институција која треба да задоволи европски стандарди и е неисплатлива поради бројот на контролори кои ние ги вработуваме“ рече претседателот на синдикатот на М-НАВ, за Слободен печат.
Тасевски раскажа дека самиот школувањето го започнал во Белград, каде што полагал 18 предмети, но постојано низ годините има обуки.
- „За разлика од факултетите, кај нас има шанса за полагање само два пати. Првиот пат ако падне некој добива втора шанса, но вториот пат ако падне нема понатаму. Тоа е меѓународен стандард“ рече Тасевски.
Претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски во утринското гостување на Слободен печат додаде и дека со секоја промена на дел од опремата, контролорите имаат задолжителни нови обуки и тренинзи, а на годишно ниво редовно се проверуваат за тоа дали го задржале квалитетот на своето работење.