На иницијатива на Кристина Малова Алексовска, која е мајка на едно предвреме родено бебе, на одделението за интензивна нега и терапија на новородени деца на ЈЗУ У ГАК – Скопје беа донирани работи потребни за овие дечињ.
-Оваа нејзина иницијатива е израз за поддршка на мајките и за малите борци кои во моментов се на лекување на Клиниката за гинекологија и акушерство. Драги мајки, лавици,благодарам е мал збор за вашата иницијатива и организираност што се сетивте на вашите пријателки кои сега го поминуваат сето тоа што вие го поминавте предходно, па со ова ваше благородно дело направивте напор да им помогнете.
Благодарност и до Организацијата на мајки на предвремено родени деца за бројните пакетчиња витамини, пелени, влажни марамчиња, buble cpap, две рачни пумпи за одмолзување, шампончиња, цуцли, шишиња, информираат од ГАК, од каде изразија благодарност и до НЛБ банка за опрема за одмолзување, со што ќе им се олесни на мајките во исхраната на бебето со мајчино млеко.
-Секоја ваша подадена рака ја олеснува работата на сестрите и на докторите кои деноноќно бдеат над малите борци и се борат за нивните животи, се вели во информацијата од ГАК.