Најмалку три лица се хоспитализирани откако по грешка изеле шарени капсули за перење алишта поделени во рамки на изборна кампања во Тајван.
Според тајванската новинска агенција хоспитализираните лица мислеле дека капсулите за перење алишта се всушност бонбони.
Две лица од 80 и 86 години се пуштени дома откако им бил исплакнат желудникот.
Капсулите биле поделени во делумно проѕирно пакување со фотографии од кандидатот на Националистичката партија на Хо-Ју Их и нејзиниот потпретседател.
На нив пишувало „Гласајте за број три“, со известување дека секоја капсула може да испере до осум килограми валкани алишта.
Поделени се вкупно 460.000 капсули. Шефот на кабинетот на партијата Хунг Јунг-чанг се извини поради инцидентот.
„Во следната кампања од врата до врата нема да делиме никаков вид стока“, изјави тој.