Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со семејството беше во соборниот храм. Тој пред новинарите до сите православни христијани упати честитка, но и одговори на неколку политички прашања.
-Пред се здравје и среќа, а потоа многу мудрост и трпение. Во мир и благосостојба да ги поминат празниците бидејки во периодот кој ќе следи не чекаат предизвици за граѓаните и државата. Година на промени кои ќе значат прогрес, благосостојба и успех за сите кои го посакуваат. Нека е честит денот, рече Мицкоски, а за тоа кај кого се паднала паричката вчера за Бадник додаде:
-Кај татко ми Иван, кај главата на семејството, рече Мицкоски.
Тој беше прашан и за тоа како го оценува почетокот на годината, но и дали ќе го поддржат Талат Џафери за технички премиер и за упадот во М-Нав.
-Денес е празник и не би сакал да зборувам за политички теми, но замислите што би се случило кога ваква бандитска група би упаднала на аеродромите во Париз или Вашингтон или Берлин. Или би биле уапесени или би биле ликвидирани. На 11 јануари ќе е знаат нашите кандидати за министри и заменици. Мојот став е јасен, Талат Џафери не ја заслужува поддршката од ВМРО ДПМНЕ и ќе се воздржиме од гласање. Не сакаме да оставиме да продолжат да дивеат Ковачевски, Спасовски, Маричиќ, Бујар ОСмани, Артан Груби, Зечевиќ, Ахмети и затоа вниматлно ке размислуваме како ќе се однесуваме во периодот што следи, рече тој.
Мицкоски беше прашан и како го оценува почетокот на новата година.
-Скандалозно! Навистина на сите им се извинувам што на овој ден морам да одговарам на овие прашање, бидејќи треба да е свечен ден. Но, секој ден има нов скандал, кој кулминираше со дивеењето на криминалната банда која упадна во Македонска навигација и она партиско обвинителство судство кое ова го помина како да станува збор за некој кој позајмил 10тина кебапчиња од кебапчилница, рече тој.
–