Папата Франциск денеска го осуди насилството врз жените, порачувајќи дека секое општество треба да ги почитува сите жени.
„Секое општество треба да го прифати подарокот што жената го претставува. Секоја жена треба да се почитува и брани. Секој што и наштетува на жена го сквернави Бога кој жена го родила“, рече папата.
Тој додаде дека жените имаат клучна улога во промовирањето на мирот.
„Светот исто така треба да се огледа на мајките и жените за да го најде мирот, да излезе од спиралата на насилство и омраза и повторно да ги гледа работите со вистински човечки очи и срца“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.
Ова е прв говор на папата Франциск по бруталното убиство на 22-годишната Џулија Чечетин во ноември минатата година.