Наследничката на „Лореал“, Франсоа Бетенкур Мејерс, стана првата жена што достигна 100 милијарди долари, со што стана 12. најбогата личност во светот.
Бетенкур Мејерс сè уште е далеку од францускиот колега Бернар Арно, кој е втор на листата на најбогати луѓе, со богатство од 179 милијарди долари.
Таа ја наследи компанијата по смртта на мајка си Лилијан Бетанкур во 2017 година за која се вели дека е најбогатата личност во Франција, пишува Би-би-си.
Франсоз Бетенкур Мејерс е потпретседател на управниот одбор на „Лореал“, а таа и нејзиното семејство се најголемите индивидуални акционери на компанијата со удел од речиси 35 проценти.