Скопје повторно е на листата на air visual меѓу најзагадените градови во светот. Утрово се најде на деветото место.
Високите концентрации на канцерогените честички ги надминуваат и за неколку пати дозволените граници.
ПМ-10 честичките се опасни за човечкиот организам, бидејќи станува збор за честички со дијаметар помал од 10 микрометри, кои влегуваат во горниот дел од респираторниот систем.
Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, Скопје и Струмица се со високо загаден воздух, а средно загаден е воздухот во Велес и Кавадарци.
Сите други градови бележат пониско, односно ниско или многу ниско загадување.