На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во пределот на Средно Водно, кои сакале побрзо да стигнатдо градот, па се изгубиле, информираат од ЦУК.
Веднаш од ЦУК е известена полицијата за понатамошна постапка. По релативно кусо време по интервенцијата, од страна на СВР Скопје е информирано дека со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до дома.
Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.522 повици на единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните. Согласно распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 37,97%, пожарникарите биле упатени 7,49%.
Иако е почеток на декември викендов имало 25 пожари на отворено во Битола, Прилеп, Крушево и Куманово.